Ин мемориам – Љупчо Јаневски

Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на Љупчо Јаневски, човек кој долги години беше дел од ракометната сцена во Македонија.

Јаневски своевремено како играч неколку сезони ги бранеше боите на Тинекс Пролет, а по завршувањето на играчката кариера реши да остане во ракометот, најпрвин како судија, а потоа и делегат – контролор, секогаш вршејќи ги своите задачи со максимална посветеност и професионализам.

Ракометот загуби прекрасна личност, Јаневски секогаш беше тука за сите, за совет, помош и се што ќе беше побарано од него.

РК Тинекс Пролет изразува искрено сочувство до семејството и најблиските пријатели на Љупчо Јаневски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести