Ракометарите на Тинекс Пролет триумфираа со 27-25 (16-11) против вториот тим на Еурофарм Пелистер во 28. коло од плеј-аут разигрувањето во Суперлигата на Македонија.
Натпреварот почна максимално израмнето, низ игра гол за гол на двете страни, се до 9-9 во 23. минута од средбата. Потоа следеше одлична игра во одбраната на нашиот тим, и максимална прецизност во нападот за серија од 7-2 до крајот на полувремето и заминување со предност од 16-11 на паузата.
Во второто полувреме, Тинекс Пролет продолжи во еднаков ритам како од крајот на првиот дел, одржувајќи ја предноста од пет гола разлика, и покрај обидите на гостите да дојдат до обид за пресврт.
Но, нашиот тим не дозволуваше такво нешто се последните три минути од натпреварот. Во 58. минута гостите од Битола дојдоа само до еден гол разлика (25-24). На 85 секунди до крајот се влезе во неизвесност со предност на Тинекс Пролет од 26-25. Но, следеше максимална концентрација во финишот, и погодок за конечна победа од 27-25.
Најефикасен во нашиот тим, предводник на победата беше Андреј Стојановски со седум гола, а по пет погодоци запишаа Александар Симоновски и Никола Стоилевски. Давор Палевски мечот го заврши со четири постигнати гола.
Во поразениот тим се издвоија Христијан Митровски и Мохамед Бен Махфуд со по шест гола.
Тинекс Пролет сега со 21 бод се зацврсти на третата позиција во плеј-аутот, веднаш токму зад Еурофарм Пелистер 2.