Мајнов: Охрид ни е стар должник, сакаме реванш

Пласманот во плејофот е речиси обезбеден, но Тинекс Пролет се надева на продолжување на победничката серија и на најтешкото гостување од првиот круг од натпреварувањето, дуелот со Охрид. Избраниците на Раде Стојановиќ се единствените што сезонава успеале да триумфираат во салата „Македонско Сонце“, мотив плус за играчите на Тинекс Пролет да им се реваншираат на охриѓани на денешниот меч (18 часот) во „Билјанини Извори“.

„Влеговме во победнички ритам и се надеваме дека ќе триумфираме и на денешниот натпревар. Знаеме дека Охрид е единствениот тим без пораз во нашата група, но тоа е само мотив повеќе за нас. Охриѓани ни се должници од првиот меч во Скопје, кога поради падот во второто полувреме на крајот претрпевме пораз. Сега сме во далеку подобар ритам, па иако немавме многу време за подготовка за овој дерби-дуел убеден сум дека ќе одиграме квалитетен меч“, истакнува Доне Мајнов.

Десниот бек на Тинекс Пролет беше најдобар поединец на последниот натпревар против КЛ7, со шест гола во второто полувреме носејќи му ја победата на својот тим.

Пресреќен сум што одиграв квалитетен натпревар. Тоа е предзнак дека се враќам во посакуваната форма, но свесен сум дека морам да продолжам во ист ритам и на следните средби, почнувајќи од овој дуел со Охрид“, вели Мајнов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести