Актуелно

​Гордост: Кадетите на Тинекс Пролет се шампиони на Македонија

Тинекс Пролет се закити со титулата кадетски шампион на Македонија откако нашите млади ракометари излегоа како победници од фајналфор турнирот што денеска се одигра во Битола. Две тешки победи за помалку од осум часа, доказ за квалитетот и карактерот на момците кои цела сезона не знаеја за пораз, а успехот го крунисаа со денешните победи над Охрид и над Мулти Есенс.

Противник во полуфиналето ни беше кадетскиот тим на Охрид, кого успеавме да го совладаме со 34-25. Победникот беше решен во одличното прво полувреме што Тинекс Пролет го доби со 16-8, водство што рутински беше задржано до самиот крај. Костов со пет гола беше најефикасен во тимот на Тинекс Пролет, а по четири погодоци постигнаа Јовиќ, Црцаревски и Симовски.



„Шлаг“ на тортата во оваа перфектна сезона беше ставен со извонредната победа над Мулти Есенс, изразена со конечните 37-34. Голема скопска битка во Битола донесе резултатски пресврт,на паузата бевме во негатива од 13-17, но за десетина минути веќе поведовме со 20-19, имавме контрола над резултатот и на крајот заслужено се радувавме на големиот пехар.

Костов беше прв стрелец и во големото финале со осум постигнати погодоци, додека по седум гола постигнаа Лешниковски и Дамчевски, додека Јовиќ го заврши мечот со пет гола.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести