Серијата продолжува: Лесна победа над Вардар Јуниор (27-38)

Тинекс Пролет не запира со одлични игри и резултати од стартот на сезонава, па нашиот тим во рамките од седмото коло ја забележа петтата победа (две реми). Вардар Јуниор беше екипата што денеска беше совладана, и тоа премногу лесно и убедливо на гостински терен со резултат 27-38. По последниот триумф над Радовиш,, избраниците на Матлиески одиграа уште еден беспрекорен меч во кој нападот функционираше беспрекорно, а убедливата победа е апсолутно заслужена.

Ракометарите на Тинекс Пролет од самиот почеток наметнаа силно темпо, поведувајќи со 1-4. Капитенот Андоновски беше главна фигура во првото полувреме постигнувајќи осум погодоци, а Тинекс Пролет во текот на 30-те минути го контролираше резултатот. Вардар Јуниор за момент се приближи на 11-12, но Пролет одговори со два брзи гола и си обезбеди предност од три погодоци на крајот од полувремето (15-18).

Ако домаќините во првиот дел не дозволуваа посериозно резултатско одлепување, нивниот отпор беше целосно скршен од самиот почеток на второто полувреме. Одбраната на гостинскиот состав делуваше многу поцврсто, а од тоа произлегоа и брзи погодоци на спротивната страна. Мартин Поповски беше беспрекорен егзекутор на зицерите, а удобното водство придонесе тренерот Матлиески пред крајот повторно да им даде шанса и на помладите ракометари, кои максимално ја искористија минутажата. 

Мартин Поповски беше прв стрелец со 11 погодоци, втор меч во низа во кој десното крило стигнува до двоцифрен ефект. Капитенот Андоновски го заврши мечот со десет гола, а пивотот Василевски пет пати ја затресе противничката мрежа.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид2
2Алкалоид2
3Е. Пелистер2
4Бутел2
5Бисинов2
6Пролет1
7Прилеп1
8Вардар0
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести