Бевме блиску до чудо, но на крајот загубивме од Вардар (33-36)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 33-36 на домашен терен од Вардар, во меч во кој нашиот тим одлично му се спротивстави на актуелниот шампион, но немаше сили за сензација. Избраниците на тренерот Матлиески одлично му парираа на фаворитот, кој настапи со комбиниран состав, а во отсуство на тренерот Парондо тимот вечерва го водеше Билјана Црвенковска.

Вардар очекувано го контролираше резултатот во поголемиот дел од натпреварот, во неколку ситуации гостите поведуваа со два гола предност, но Тинекс Пролет експресно успеваше да се врати. „Црвено-црните“ посериозно се одлепија по дваесетина минути игра, кога стигнаа до позитива од 12-17, но Пролет предводен од капитенот Андоновски и од пивотот Аларов успеа да се врати, па на одмор се замина со само два гола предност за актуелниот првак.

Израмнето се играше и во првите петнаесетина минути од второто полувреме, кога по еден контранапад на Дамчевски во 44. минута успеавме да дојдеме и до минимална предност од 25-24. Сепак, квалитетот и искуството на „вардарци“ беше пресудно во најважните моменти, шампионот набрзина направи пресврт и стигна до позитива од три гола што умешно ја задржуваше до самиот крај.

Ласко Андоновски одигра одличен натпревар постигнувајќи девет гола, еден помалку реализираше Манасков, додека Аларов го заврши мечот со седум погодоци. Мајнов и Дамчевски постигнаа по три гола, Филип Василевски два пати се запиша меѓу стрелците, а еден гол постигна Ролевски.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести