Георгиевски - Георгиевски по три години ќе му судат повторно на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет утре му гостува на Бутел во многу значаен натпревар за нашиот тим во обид повторно да се избори за место во ракометна Европа.

Комесарот за натпреварување при РФМ за судии на овој натпревар ги избра браќата Дејан и Димитар Георгиевски, арбитри кои повеќе од три години немаат судено натпревар на Тинекс Пролет. Последен пат тие ја делеа правдата на наш меч на дуелот со Охрид во ноември 2015 година, кој го одбележаа бројни инциденти и по кој на наше клупско барање потоа не беа делегирани на натпреварите на Пролет се до утрешниот меч.

Се надеваме дека судењето утре ке биде на неопходното ниво за еден плеј-оф натпревар, како што доликува на елитното друштво од ракометниот спорт во Македонија.