Без одговор за одбраната на Бутел (23-17)

Тинекс Пролет не успеа да стигне до третата победа во плејофот сезонава откако во градската пресметка во Бутел загубивме од истоимениот противник со резултат 23-17. Пресудна беше серијата на противникот на почетокот од второто полувреме, кога „бутелци“ успеаја резултатски да се одлепат и да си го трасиаат патот до победата. Главен проблем во играта на Тинек Пролет беше недостигот на жар во играта, а без борбеност за секоја топка е невозможно да се стигне до позитивен резултат на теренот на Бутел.

Првото полувреме мина во цврста игра на двете страни,при што одбраните го водеа главниот збор на теренот. Бутел поведе со 5-2, нешто подоцна домашниот состав имаше и предност 7-3, но Пролет со головите на Димов и на Мајнов успеа да се врати и на одмор да замине со само еден гол негатива (10-9). Домаќините поведоа со 11-9, Арсеновски погоди за 11-10, по што дојде до огромна криза во играта на Тинекс Пролет, што Бутел знаеше да го казни и да поведе со преубедливи 17-10.

Серијата од 14 минути без гол ја прекина младиот Димковски, но прашањето на победникот веќе беше решено. Последните десет минути минаа во израмнета борба во која домашниот тим рутински ја чуваше удобната предност, се до конечните 23-17.

Доне Мајнов со пет гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет на овој меч, додека по три погодоци постигнаа Арсеновски и Димковски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести