Немавме сили за пресврт против Металург (26-32)

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја во својата желба да ја забележат и втората победа во плејофот, откако денеска по голема битка загубија од градскиот ривал 26-32. Желбата и амбициите беа на највисоко ниво, но на крајот сепак пресуди квалитетот на противникот, кој знаеше како да одигра во клучните моменти од натпреварот и заслужено стигна до цел плен во салата „Македонско Сонце“.

Мечот почна со израмнета игра на двете страни, период во кој Дупјачанец беше одличен на голот на Металург, не дозволувајќи Тинекс Пролет да дојде до позитива. Избраниците на Матлиески накратко дојде до предност, поведувајќи со 9-8, но тоа беше единственото водство на нашиот тим на натпреварот. Како клучни се покажаа „црвените минути“ во финишот од првото полувреме, кога ракометарите на Тинекс Пролет од 21. до 28. минута не постигнаа ниту еден гол, а Металург знаеше како да го искористи тоа и поведе со 12-16 на крајот од полувремето.

Вториот дел донесе израмнета игра, но за жал донесе и сериозен проблем за нашиот тим откако Александар Василевски заработи повреда поради која мораше на рацете на соиграчите да биде изнесен од теренот. Пролет не се предаваше, па успеа да се доближи на 26-28, резултат при кој имаше и напад за да го одведе мечот во неизвесна завршница. Не само што не успеавме да реализираме во тој клучен напад, туку останавме и без постигнат гол во последните осум минути од мечот, па на крајот претрпевме заслужен пораз.


РК ПРОЛЕТ - МЕТАЛУРГ   26-32 (12-16)

РК ПРОЛЕТ: Кристо, Ф. Василевски 3, Аларов 4, Јовчевски, Давитковски, А. Василевски 1, Ролевски 1, Коруновски, Трајковски, Андоновски 5, Кимевски, Џонов 4, Мајнов 4, Дамчевски, Стојановски, Манасков 4.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести