Андоновски: Бутел игра цврсто во одбраната, но можеме да го победиме

Ракометарите на Тинекс Пролет се подготвени за наредните предизвици што ќе ги носи плеј-офот, почнувајќи од утрешниот натпревар против Бутел. Градскиот ривал е идеална можност за победнички да стартуваме во оваа фаза од натпреварувањето, иако е јасно дека во наредните два месеци ќе нема лесен натпревар за избраниците на тренерот Матлиески.

„Бутел е тим со кого игравме два пати сезонава, иако во 2019 година дополнително се засили со неколку странски ракометари. Стилот на играта не е променет, тие повторно базираат се на цврстата одбрана, но верувам дека можеме да ги добиеме. Ќе видиме дали тоа да се стори со побрза игра во нападот, или пак ние да одговориме со уште поцврста одбрана, нашиот стручен штаб ќе ја донесе таа одлука, но Тинекс Пролет дефинитивно поседува квалитет за да слави на овој меч“ - истакнува капитенот Ласко Андоновски.

Ланската сезона Тинекс Пролет обезбеди место во европските купови, што е желба на ракометарите и за овој плеј-оф.

„Првичната цел е остварена со самиот пласман во плеј-офот, но тоа не значи дека ќе застанеме. Напротив, ќе дадеме се од себе на секој натпревар, почнувајќи од утрешниот дуел со Бутел. Пред нас се тешки дуели, но желба на сите е повторно да стигнеме во место во Европа“ - порачува Андоновски.

Натпреварот меѓу Тинекс Пролет и Бутел се игра утре со почеток во 18.30 часот.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести