Во плеј-офот стартуваме против Бутел, на крајот гостуваме во Битола

Градскиот ривал Бутел ќе биде наш прв противник во ракометниот плеј-оф, беше утврдено со денешната ждрепка во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Бутел е противник по мерка во обид победнички да го стартуваме настапот во елитното друштво, со оглед на фактот дека во второто коло пред нашиот тим е најтешкиот можен предизвик - гостување на актуелниот првак Вардар. Потоа ќе следи уште едно градско дерби, на домашен терен со Металург, а во последните две рунди ривали ќе ни бидат битолските суперлигаши Работник и Пелистер.

Во вториот круг од натпреварувањето, Тинекс Пролет последното овосезонско коло ќе го игра на гостински терен во Битола против екипата на Пелистер.



РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

1. КОЛО: Тинекс Пролет - Бутел

2. КОЛО: Вардар - Тинекс Пролет

3. КОЛО: Тинекс Пролет - Металург

4. КОЛО: Работник - Тинекс Пролет

5. КОЛО: Тинекс Пролет - Пелистер

6. КОЛО: Бутел - Тинекс Пролет

7. КОЛО: Тинекс Пролет - Вардар

8. КОЛО: Металург - Тинекс Пролет

9. КОЛО: Тинекс Пролет - Работник

10. КОЛО: Пелистер - Тинекс Пролет

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести