Матлиески: Струга е сериозен ривал, но ние одиме по победа за плеј-оф

Ракометарите на Тинекс Пролет се подготвени да ја продолжат победничката серија од стартот на 2019 и на утрешното гостување во Струга. Нема дилеми, ривалот е поквалитетен од Вардар јуниор и од Радовиш, но тренерот Матлиески и неговите избраници се подготвени со добра игра да стигнат до посакуваната победа со која и дефинитивно би бил ставен печат на пласманот во плејофот. 

„Победа во Струга е она што сите го посакуваме, за уште утре да ставиме крај на сите дилеми и да го оствариме она за што работиме од стартот на сезонава, пласман во плеј-офот. На сите ни е јасно дека нема да биде нималку лесно бидејќи противникот е квалитетен, а и дополнително се засили во изминатиот период. Ги победивме убедливо во првиот круг, но сметам дека конечниот исход од тој меч не е реален сооднос на силите меѓу двата тима. Затоа, ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме ако сакаме да стигнеме до посакуваниот резултат“ - истакна тренерот Матлиески, роден стружанец кој првите ракометни чекори ги направи токму во овој град.

Според нашиот стратег, клучно ќе биде да се наметне сопственото темпо и да не се дозволи домаќинот да го диктира ритамот на натпреварот.

„Стружани се склоп на младост и искуство, а играта ја базираат на цврстата одбрана,а додека во нападот инсистираат на подолги акции. Мислам дека нашите шанси за успех ќе бидат поголеми ако успееме да наметнеме побрзо темпо, со што би им создале проблеми на домаќините“ - вели Матлиески.
 

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести