Андоновски: Подобри сме од Радовиш, но тоа мора да го покажеме и на терен

Ракометарите на Тинекс Пролет се подготвени за претстојниот предизвик во Супер-лигата, домашниот дуел со Радовиш што на програмата е в сабота со почеток во 18.30 часот. Целта е јасна - победа со која би се ставил печат на пласманот во плејофот, реализација на зацртаните амбиции од стартот на оваа натпреварувачка сезона.

„Против себе имаме ривал што веќе го победивме на гостински терен сезонава. Знаеме дека сме поквалитетен тим, но не летаме во облаци бидејќи исто така ни е јасно дека таа фаворитска улога мора да се оправда и на теренот. Мораме да одиграме најдобро што знаеме за во вториот меч во 2019 година да ја забележиме и втората победа, за уште еден чекор кон плејофот. Не е тајна, во тимот на Радовиш сите работи почнуваат и завршуваат со средниот бек Ивица Илиев, така што главна задача ќе ни биде да го неутрализираме главното оружје на противникот“ - истакнува капитенот Ласко Андоновски во пресрет на утрешниот натпревар.

Нашиот тим во првиот натпревар против утрешниот ривал славеше со убедливи 31-37, на гостински терен во Радовиш. Тинекс Пролет се наоѓа во серија од три победи во Супер-лигата, додека радовишани во последните пет кола имаат само еден триумф, над Прилеп со 30-25.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести