Ролевски се врати назад во Тинекс Пролет

Филип Ролевски од денеска повторно е член на Тинекс Пролет откако ракометарот кој настапува на позицијата десно крило потпиша договор со нашиот клуб. 

Станува збор за ракометот кој претходно со успех го носеше дресот на Тинекс Пролет, но по завршувањето на минатата сезона си замина од клубот во обид да најде ангажман во странство. Откако не успеа во тоа, Ролевски последниот месец од првиот дел од сезоната го мина во дресот на Прилеп, по што реши да се врати назад во добро познатата средина.

Тој го зазема местото во тимот на Бојан Николовски, кој на почетокот од 2019 година си замина од нашиот клуб. а Николовски му посакуваме многу среќа во натамошниот дел од кариерата.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести