Работник беше преголем залак за Тинекс Пролет (35-26)

Екипата на Тинекс Пролет не успеа да ја продолжи серијата на непобедливост откако денеска на жешкиот терен во Битола претрпе убедлив пораз од Работник од 35-26. Наспроти обидите на нашите ракометари достојно да му се спротивстават на лидерот на табелата, битолчани делуваа супериорно на теренот и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Се беше решено уште во првите десетина минути, во кои домашниот тим поведе со убедливи 7-2. Предноста растеше до крајот на полувремето, па избраниците на Матлиески на одмор заминаа со негатива од десет гола (20-10). Вторите 30 минути беа само рутина за битолскиот состав, разликата се движеше меѓу осум и тринаесет погодоци, за на крајот мечот да заврши со „минус девет“ за нашата екипа.

Доне Мајнов со девет погодоци беше најдобар поединец во таборот на Тинекс Пролет, а по пет гола постигнаа Џонов и Александар Василевски.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести