Матлиески: Физичката подготвеност пресуди во Охрид

Ракометарите на Тинекс Пролет ја продолжија својата одлична серија во Супер-лигата, триумфирајќи на гостувањето против Охрид со 23-25. Тренерот Матлиески има причина за задоволство по доброто издание на својот тим на еден од најжешките терени во Супер-лигата и освоените бодови со кои широко се отвора вратата за пласман во плејофот.

„Знаевме колку е важен овој натпревар за нас и верувам дека одговоривме на предизвикот. Уште од самиот почеток инсистирав на брз центар, се со цел што повеќе да наметнеме наше темпо, знаејќи дека Охрид нема да може да го следи до крај. Во првото полувреме тоа не вроди со плод, но домашните ракометари загубија сила, па потоа не можеа да го издржат ритамот во самиот крај кога се решаваше победникот. Пресуди нашата подобра физичка подготвеност, како и концентрацијата во клучните моменти, кога знаевме да ги казниме грешките на противникот“ - истакнува Матлиески.

Време за славје нема, бидејќи нашиот тим веќе во следното коло го очекува нов дерби-натпревар, пресметка на домашен терен против битолски Пелистер.

„Мора да сум задоволен од победата над Охрид, но и целокупно од нашата игра во последно време. Сепак, немаме многу време за славење бидејќи пред нас е уште еден исклучително тежок натпревар, дуел со уште еден дирелтен ривал во битката за плејофот. Пелистер е квалитетен тим што игра добар ракомет, но јас верувам во мојата екипа и оптимист сум дека со голема борба и дисциплина во играта можеме да стигнеме до нова победа, која би ни била од огромно значење за остварување на зацртаните цели“ - вели нашиот тренер.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести