Актуелно

​Тинекс Пролет изненаден дома од Прилеп

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа неочекуван пораз на домашен терен од Прилеп со 27-30, меч во кој одбраната не беше на посакуваното ниво што се покажа како пресуден фактор за конечниот исход.

Дуелот го отворивме со голови на Мишевски и на Андоновски за 1-0 и 2-1, а единственото двоцифрено водство го имавме при 4-2, по погодокот на Мајнов. Гостите се вратија и се играше егал до 10-9 за Тинекс Пролет, по што прилепчани со четири гола во серија го свртеа резултатот во своја полза.

На одмор се замина со резултат 14-16, гостите имаа и 14-17, но Тинекс Пролет успеа да се врати и со двата брзи гола на Стоилевски во 40. Минута израмни на 20-20. Се играше егал до 25-25, кога Палевски не реализираше убава шанса за водсво, стигна казната и госттите набрзина поведоа со 25-27. Домашниот тим се врати и преку Андоновски и Глигоров израмни на 27-27, но завршните две минути минаа во знакот на прилепчани кои стигнаа до победата.

Давор Палевски со девет гола беше прв стрелец на Тинекс Пролет, капитенот Ласко Андоновски постигна седум, додека Мишевски го заврши мечот со четири погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести