Актуелно

​Јовиќ: Шансите за трофеј се реални, но на Ф4 нема лесни натпревари

Кадетите на Тинекс Пролет утре ги очекува атак на титулата во својата возрасна категорија, на фајналфор турнирот што ќе се игра во Битола.

Нашите млади ракометари го освоија првото место во лигашкиот дел, а меѓу најзаслужните е Лука Јовиќ, кој со нетрпение го очекува предизвикот наречен Ф4.

„По одличната сезона во кадетското првенство, очекувањата се нормално високи, но на фајнал фор нема лесни натпревари. Веруваме дека шансите за трофеј се реални, ако останеме дисциплиниран и го задржиме препознатливиот борбен дух и колективната игра што нè красеа цела сезона. Заштитен знак на тимот се тимската игра, борбеноста и заедништвото. Сите  функционираме како едно, тоа ни донесе резултат во текот на целата сезона, очекуваме тоа да биде случај и на овој фајналфор турнир“, вели Јовиќ.



Противник на Тинекс Пролет во полуфиналето ќе биде Охрид, екипа што нашите млади играчи два пати ја совладаа сезонава, но на сите им е јасно дека не смее да дојде до никакво опуштање.

„Противникот во полуфиналето е сериозна и квалитетна екипа, кој има свои силни страни, пред сѐ цврста игра во одбрана.  Ние добро ги познаваме затоа што двапати сезонава се соочивме со екипата на Охрид во регуларниот дел  и успеавме да ги победиме. Тоа сигурно ни дава дополнителна самодоверба, но во вакви натпревари нема фаворити и ќе мора повторно да го дадеме максимумот ако сакаме и трета победа во низа.На крајот очекувам еден квалитетен и неизвесен Фајнал 4 турнир, исполнет со борбени натпревари, пред публика која сигурно ќе даде посебна атмосфера и дополнителна енергија на сите екипи“, порачува Лука Јовиќ.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести