​Тинекс Пролет поразен по голема борба во Прилеп

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето против Прилеп, губејќи по голема битка со 29-27 од лидерот во плејаут натпреварувањето. Прилеп имаше перфектен скор од стартот на плејаутот, нашите ракометари беа блиску до изненадување и цел плен, но потклекнаа во завршницата.

Дуелот почна со израмнета игра во кој Тинекс Пролет имаше рано водство од 3-5 и 4-6, но прилепчани успеаја да го свртат резултатот во своја полза и да поведат со 8-7. Завршницата од првото полувреме мина во знакот на домашниот состав, кој на одмор замина со 18-14 по погодокот што за Пролет го постигна Симоновски.

Домашниот тим имаше контрола над резултатот се до водството од 21-17, по што Пролет беше екипата што влезе во серија, во 47. Минута израмнувајќи на 22-22 со погодокот на Томи Димковски. Избраниците на Мајнов во неколку ситуации имаа и минимална предност, последен пат со 24-25 преку капитенот Андоновски, но завршницата мина во знакот на Прилеп, па домашниот тим на крајот славеше со 29-27.

Солев имаше осум интервенции на голот на Тинекс Пролет на овој натпревар, а најефикасни во фазата на нападот беа Стојановски со седум, Андоновски со шест и Давитковски со пет постигнати гола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести