Шампионот пресилен за Тинекс Пролет во Битола

Ракометарите на Тинекс Пролет во рамките од второто коло од Супер-лигата го претрпеа првиот пораз, на гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер со резултат 36-24. Иако охрабрени по стартната победа над Тиквеш, избраниците на Матлиески немаа сили за изненадување во Битола, каде „пелистерци“ демонстрираа квалитет, диктираа темпо и заслужено стигнаа до победата.

Од самиот почеток тимот на Тинекс Пролет се соочи со негатива, најпрвин од 2-0, потоа од 6-2, а како што одминуваше времето така и предноста на домашниот состав се зголемуваше. Давор Палевски ги постигна првите три гола за Тинекс Пролет на натпреварот, потоа прецизни беа и Мајнов и Димковски, но негативата растеше, па на почетокот од 21. Минута резултатот гласеше 17-8. Домаќините во 30. минута стигнаа до првото двоцифрено водство (21-11) по контранападот на Хакбарт, по што на одмор се замина со 21-12, по седмиот гол во полувремето што го постигна Палевски.

Победникот практично беше решен, па двата тима ги одиграа преостанатите 30 минути без преголем притисок. Разликата во текот на целото полувреме се движеше околу десет гола за актуелниот првак, кој во финишот сепак успеа дополнително да ја зголеми позитивата и да слави со конечните 36-24.
 
Палевски беше прв стрелец со седум погодоци (сите во првото полувреме), пет гола постигна Димковски, а четири Марко Мишевски.
 
Тинекс Пролет во рамките од третото коло од Супер-лигата ќе ја пречека екипата на Радовиш, меч предвиден за следниот викенд.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести