​Маестрално отворање на сезоната: Тинекс Пролет го преслуша Тиквеш

Тинекс Пролет маестрално ја отвори новата сезона во Супер-лигата откако вечерва на домашен терен славеше над Тиквеш со 22-19. Цврстата одбрана на чело со голманот Бојан Солев беше заштитен знак на Тинекс Пролет на овој меч, во кој избраниците на Матлиески имаа целосна контрола над резултатот од почеток до крај, покажувајќи ги своите квалитети против директен ривал од борбата за пласман во плејофот.

Доне Мајнов го постигна првиот гол за Тинекс Пролет сезонава, стрелајќи прецизно во првиот напад за водство од 1-0.  Двата тима играа трпеливо во нападот на почетокот од мечот, па по десет минути игра резултатот гласеше 4-4, по одбранетиот пенал на нашиот голман Солев. Следеа шест минути апсолутна доминација на Тинекс Пролет, период во кој избраниците на Матлиески постигнаа четири гола во низа и со седмерецот на Стоилевски поведоа со 8-4, принудувајќи го гостинскиот тренер на тајмаут. Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет во првото полувреме, резултатот беше контролиран до 10-6 во 25. Минута, кога Матлиески го побара својот прв тајмаут на натпреварот. Во финишот од полувремето сепак дојде до пад на концентрацијата, па иако голем дел од завршницата имавме играч повеќе на теренот, сепак Тиквеш успеа да ја преполови негативата и на одмор се замина со резултат 12-10 за Тинекс Пролет.

Второто полувреме го почнавме со гол на Ласко Андоновски за 13-10, но гостите од Кавадарци успеаја да се вратат и по десетина миунти игра во полувремето да израмнат на 15-15. Следеше одговор, голови на Стоилевски и на Андоновски за 17-15, а во 47. Минута прецизен беше и пивотот Глигоров, враќајќи ја предноста на „плус три“. При 19-16 во 48. Минута исклучен беше токму Глигоров, а дваесетина секунди подоцна и Мишевски, по што домашниот тим остана со двајца играчи помалку на терен. Токму со двајца играчи помалку Тинекс Пролет го имаше и најубавиот потег на мечот, Мајнов фрли цепелин, а Стоилевски од крило го постигна својот седми гол за 20-17.

Голманот Солев имаше извонредна интервенција при зицер на гостите при 21-18, следеше нова реализација преку Доне Мајнов, па гостинскиот тренер побара тајмаут на шест минути до крајот, при водство на Тинекс Пролет од 22-18. Искусно, ракометарите на Тинекс Пролет знаеја како да го приведат мечот до крај, клучна беше цврстата одбрана што го трасираше патот до стартниот триумф сезонава, изразен со конечните 22-19, со уште една одлична одбрана на голманот Солев.

Токму Солев со 13 успешни интервенции беше предводник во оваа голема победа, додека во нападот најмногу се истакнаа Стоилевски со седум гола од осум обиди, додека Андоновски, Манов и Стојановски го завршија мечот со по три погодоци.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести