Убедлив пораз од лидерот Алкалоид (26-39)

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да приредат изненадување во дуелот на домашен терен од Алкалоид, губејќи од актуелниот лидер на табелата со резултат 26-39. Избраниците на Јовиќ се обидоа да парираат, но против себе имаа екипа што одигра беспрекорно во нападот, темпото што Алкалоид го наметна не можеше да се следи и гостинскиот состав заслужено ги освои бодовите.

Дуелот беше израмнет само десетина минути, по осум минути игра резултатот гласеше 2-2, по што Алкалоид почна резултатски да се одлепува. Гостинските ракометари знаеја како да ги казнат исклучувањата на Глигоров и на Стојановски, набрзина реализирајќи за водство од 5-9. Тинекс Пролет за момент се разбуди и со прекрасниот погодок на Палевски намали на 8-11, но следеше нова мини-серија на Алкалоид и водство на гостинскиот состав од 8-15. Двата тима одиграа ефикасно до крајот на првото полувреме, на одмор заминувајќи со предност на „сино-белите“ од 15-20. 

Доминацијата на гостинскиот тим продолжи и во второто полувреме, за во завршните десет минути да биде надмината и границата од десет гола, па Алкалоид на крајот да го добие овој меч со преубедливи 13 гола разлика.

Андреј Стојановски беше светла точкаво играта на Тинекс Пролет, младиот бек постигна седум погодоци, пет постигна капитенот Андоновски, а по четири Палевски и Бахар.

Тинекс Пролет во следното коло ќе му гостува на Радовиш, меч на кој победата е императив за нашиот состав.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид20
2Вардар18
3Охрид16
4Е. Пелистер16
5Бутел12
6Тиквеш9
7Пролет8
8Прилеп7
9Куманово4
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести