Актуелно

​Стојановски: Во Пролет добив шанса да се развивам, сакам нова победа

Ракометарите на Тинекс Пролет го продолжуваат настапот во плејаутот со утрешниот домашен натпревар против Радовиш (18 часот, сала „Македонско Сонце“).

На гости ни доаѓа тимот што нема освоено ниту еден бод сезонава, но радовишани им создадоа проблеми на претходниот меѓусебен дуел, причина плус да се влезе максимално фокусирано во овој дуел, без никакво потценување на противникот.

„Она што е важно е да влеземе максимално сконцентрирани и во ист ритам да ги одиграме сите 60 минути. Знам дека сме фаворити на овој дуел, но тоа мора да се докаже и на терен. Ни преостануваат уште три натпревари, сезонава не ја остваривме нашата цел, но ќе играме до крај и ќе се бориме на секој натпревар да издвојуваме победа“, вели Андреј Стојановски.

Младиот  бек сезонава добива позначајна минутажа во дресот на Тинекс Пролет, нешто што дефинитивно му помага да продолжи да напредува во кариерата.

„Во Пролет сум веќе петта година и е клуб што ми ја даде најголемата шанса за да се развивам како млад ракометар. Од оваа сезона можам да кажам дека сум задоволен но секогаш постои простор за напредок. Секогаш ќе се стремам кон тоа да напредувам на секој тренинг и натпревар“, истакнува Стојановски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести