Храбра игра и пораз на гостувањето против Вадар (28-25)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз на гостувањето против Вардар со резултат 28-25, во меч во кој избраниците на Александар Јовиќ на долги периоди му парираа на големиот фаворит. За разлика од последниот меч со Пелистер во Битола на кој беше претрпен пораз без борба, овојпат Тинекс Пролет се покажа во далеку поквалитетно светло, изостана резултатско изненадување, но играта ветува далеку подобри резултати во продолжението од сезоната.

Почетокот мина во знакот на нашите ракометари, Андоновски и Стојановски беа расположени во почетните десетина минути, добро функционираше и одбраната, па Тинекс Пролет стигна до водство од 35. За жал, темпото не успеавме да го задржиме и во продолжението, па следеше серија од четири гола на домашниот тим. „Вардарци“ стигнаа и до најубедливи четири гола предност во првиот дел (11-7), но Тинекс Пролет покажа карактер и не се откажа, враќајќи се до крајот на полувремето по кое имавме само еден гол негатива (16-15).

Вториот дел почна со израмнета битка во која се играше егалдо 19-19, по што Вардар повторно успеа да се одлепи резултатски. Тинекс Пролет остана во мечот, отпорот беше целосно скршен кога од 24-22 водството на домаќините се зголеми на 27-22, со што победникот практично беше и решен. Завршницата мина во знакот на избраниците на Јовиќ, кои намалија на конечни 28-25.

Младиот Андреј Стојановски одигра одличен натпревар постигнувајќи седум гола против реномираниот ривал, шест погодоци реализираше Палевски, а три капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести