Одличен меч на Тинекс Пролет против шампионот Пелистер (32-29)

Тинекс Пролет претрпе пораз од 32-29 во четвртото коло од плејофот, во натпревар во кој нашиот тим се покажа во одлично светло, но немаше среќа во завршницата и во самиот финиш го загуби мечот. Избраниците на Александар Јовиќ во долги периоди од мечот целосно му парираа актуелниот шампион, кој во самиот финиш со неколку седмерци успеа резултатски да се одлепи и да стигне до победата.

Домаќините беа подобар противник на самиот почеток, тргнувајќи фуриозно и поведувајќи со 5-2. Тинекс Пролет најпрвин ја стабилизираше играта (6-3, 7-4), а откако Пелистер поведе со 10-6 нашиот тим влезе во топ-ритам и почна да ја топи предноста на противникот. Капитенот Ласко Андоновски презеде одговорност постигнувајќи три гола во завршницата од полувремето, по што на одмор се замина со 16-13. 

Гостите потоа почнаа одлично и во второто полувреме, експресно намалувајќи на 16-15 преку Палевски и Арсеновски. Е. Пелистер дојде до 23-20 и 24-21, но следеше нова фантастична серија на Тинекс Пролет. Ангеловски побара тајмаут, но серијата на Пролет продолжи и со головите на Мајнов и на Димковски стигнавме до израмнување од 25-25.

Во завршницата домашниот состав доби помош и од арбитрите, беа досудени дури пет седмерци во завршните десет минути што Филип Кузмановски успеа да ги реализира, кршејќи го отпорот на Тинекс Пролет за конечни 32-29 во Битола.

Андоновски и Димковски со по шест погодоци беа најефикасни во таборот на Тинекс Пролет, додека по пет гола постигнаа Палевски и Арсеновски. Филип Кузмановски со 17 гола беше најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести