Михаљевиќ: Во Пролет сум како дома, можеме до триумф против Бутел

Данило Михаљевиќ веќе втора сезона ги брани боите на Тинекс Пролет, откако црногорскиот голман одлично се адаптираше во тимот и се наметна како еден од најстандардните голмани во македонската Супер-лигата. Неговите интервенции носат сигурност на одбраната и Црногорецот дефинитивно има значаен придонес за добриот старт на сезоната на нашата екипа.

„Пресреќен сум во клубот и говорам од срце кога велам дека навистина се чувствувам како дома. Од првиот момент кога дојдов бев одлично прифатен од соиграчите, што ми помогна експресно да се адаптирам и да дадам свој придонес за што подобри резултати на екипата. Тоа пријателство што постои во Пролет е навистина ретко за ракометните клубови и пресреќен сум што сум дел од овој тим. Тоа беше и една од главните причини поради што не размислував премногу минатото лето и експресно се договоривме за продолжување на соработката“, вели Михаљевиќ.

Тој е задоволен и од резултатите на тимот во досегашниот дел од сезоната, со кои Тинекс Пролет чекори сигурно кон остварување на првичната цел - пласман во плејофот.

„Мораме да бидеме задоволни бидејќи ги добивме сите натпревари што требаше да ги добиеме. Загубивме од Вардар и од Пелистер, но тоа се клубови со шампионски амбиции, за нас беше најважно да стигнеме до цел плен на сите останати натпревари и го остваривме тоа. На моменти имаме осцилации во играта, но тоа е нормално кога се има нови играчи во составот и верувам дека уште повеќе ќе напредуваме како што ќе минува времето. Нема сомнеж дека местото на Тинекс Пролет е во Топ 8, верувам дека ќе се пласираме во плејофот, а ќе сториме се за да стигнеме до третото место во нашата група од Супер-лигата“, истакнува голманот на Тинекс Пролет.

А главните битки за третото место се очекува да се водат против градскиот ривал Бутел, од кои првата на програмата е токму денеска (18 часот, сала „Антон Димитров“ во Бутел). 

„Бутел е градски ривал на Пролет, тим што квалитативно е тука некаде со нас и очекувам неизвесен меч. Тоа е градско дерби, а знете како велат, дербито не се игра, дербито се победува, треба да излеземе на терен, да дадеме се од себе и да ги освоиме бодовите. Цврстата одбрана и брзата транзиција, се нивни заштитен знак, ако успееме да најдеме одговор за тоа ќе стигнеме до победата со која би направиле џиновски чекор кон третото место. Бутел е екипа што игра многу подобро на домашен терен, но јас верувам дека Пролет може да стигне до бодовите“, изјави Данило Михаљевиќ.

 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести