Актуелно

Илиевски: Немаме што да загубиме – одиме на победа против Бутел

Игор Илиевски ја презеде одговорната улога на шеф на стручниот штаб најмалку до крајот на оваа календарска година, а малку недостигаше овој стратег да има победничко деби откако Тинекс Пролет во контроверзен финиш остана без триумф на гостувањето во Куманово.
\
„Чест ми е што сум тука како дел од првиот тим, по работата во младинската школа на Тинекс Пролет. Задоволен сум од она што го видов од екипата во Куманово, момците покажаа дека можат, знаат и сакаат да играат квалитетен ракомет и тоа ми дава верба за уште подобри резултати во иднина. Штета е што поради две-три контроверзни судиски одлуки во финишот останавме без победатa, но што е тука е, веќе со мислите се насочивме кон преостанатите две средби до крајот на годинава, против Бутел дома и во Битола против тимот на Е. Пелистер 2“, вели Илиевски.

Скопските пресметки меѓу Тинекс Пролет и Бутел вообичаено носат квалитетен и неизвесен ракомет, тренд што стратегот на Пролет очекува да продолжи и на утрешниот меч закажан од 15 часот во салата „Македонско Сонце“.

„Бутел е тим што го почитувам, станува збор за екипа што е во речиси ист состав неколку сезони, со ист тренер кој има јасна визија за играта. Нашите дуели секогаш се интересни и квалитетни, очекувам така да биде и в сабота. Ние немаме што да загубиме, ќе одиме на победа на двете средби до крајот на сезонава, oчекувам добар меч на двете екипи, па нека подобри подобриот. Се надевам дека тоа на крајот ќе бидеме ние, бидејќи како што рекови момците покажаа дека имаат знаење и желба за да играат квалитетен ракомет“, истакнува Игор Илиевски.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести