Актуелно

​Реми во Куманово, поништен регуларен гол на Пролет во последната секунда

Ракометарите на Тинекс Пролет ремизираа 28-28 на гостувањето против Куманово, дуел на кој победата ни беше одземена од страна на официјалните лица кои најпрвин го признаа, а потоа се премислија и го поништија голот што го постигна Стојановски со звукот на сирената.
\
Првото полувреме мина во подобра игра на домашниот тим, Тинекс Пролет се мачеше да влезе во посакуваниот ритам, а кумановци го искористија тоа за да отворат со 6-2, нешто подоцна да имаат и 11-6... на три минути до крајот на полувремето резултатот гласеше 16-11, за Тинекс Пролет да заигра нешто подобро во самиот финиш и да намали на 17-14.

Почетокот на вториот дел мина во знакот на нашиот тим, кој предводен од Палевски (три гола) експресно израмни на 18-18. Се играше израмнето до крајот, Тинекс Пролет имаше 22-24, Куманово за момент поведе со 25-24, по што следеше нова серија на скопскиот суперлигаш и водство од 25-27. Кога Палевски погоди од седум метри за 26-28 се чинеше дека триумфот е осигуран, кумановци се вратија, постигнаа гол за израмнување на помалку од десет секунди до крајот. Имаше сосема доволно време за брз шут од половина терен, Стојановски ја смести топката во мрежата, битолските судии го признаа голот, но потоа се премислија и истиот го поништија, одземајќи му ја заслужената победа на Тинекс Пролет.

Раководството на Тинекс Пролет веднаш вложи жалба за арбитражата на Митревски и Тодоровски, кои со своите спорни одлуки директно влијаеја на конечниот исход на овој дуел.
\
Солев имаше 13 интервенции на голот на Тинекс Пролет, додека во нападот блескаше Палевски со 11 погодоци, а Стојановски го заврши мечот со пет постигнати гола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел15
7Е. Пелистер 214
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Куманово5
11Струга4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести