Пораз на домашен терен од Бутел

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да забележат победа на последниот домашен меч во 2025 година откако попладнево претрпеа пораз пред своите гледачи од Бутел со резултат 23-26. Дуелите меѓу градските ривали вообичаено носат неизвесност и возбудување, што не беше случај денескаа ако се знае дека „бутелци“ доминираа, имаа контрола над резултатот и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Тинекс Пролет одигра квалитетно само во првите десетина минути во кои домашниот состав имаше предност од 4-2, потоа и од 5-3. Бутел со три гола поведе со 5-6, а дуелот беше израмнет до 7-7, по што „бутелци“ со нови три гола во низа поведоа со 7-10. На пауза се замина со резултат 8-11, на самиот старт од второто полувреме Димковски погоди за 9-11, но следеше уште една серија од три погодоци на Бутел со која гостите за првпат на мечот поведоа со плус пет (9-14). Не само што не дојде до камбек на Тинекс Пролет, туку гостите продолжија да доминираат и поведоа со 12-21, пред нивната серија накратко да ја прекине Дрпљанин.

Завршните минути беа во знакот на домашниот состав кој одигра подобро во нападот, но негативата беше преголема, па Бутел на крајот стигна до заслужен триумф изразен со конечните 23-26.

Димковски беше најефикасен кај Тинекс Пролет со пет погодоци, четири постигна Палевски, додека младиот Лика Јовиќ го заврши мечот со три постигнати гола.

Тинекс Пролет во последната рунда од оваа 2025 година ќе му гостува на Еурофарм Пелистер 2.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести