Андоновски: Со максимална посветеност ќе го решиме и Прилеп

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска го продолжуваат настапот во Супер-лигата со нов домашен терен, во 18 часот гостин на нашиот тим ќе биде екипата на Прилеп. Станува збор за натпревар на кој Тинекс Пролет ќе ја има фаворитската улога, но Прилеп веќе докажа дека не е нималку наивен противник ако се знае дека во првото коло го совлада тимот на Бутел.

Tокму поради ова, капитенот Ласко Андоновски повикува на максимална фокусираност и ангажман на теренот во текот на сите 60 минути од овој натпревар.

„Пред нас е меч што нема да биде нималку лесен, особено доколку не влеземе максимално сериозно бидејќи Прилеп е противник што мора да се респектира. Тинекс Пролет одлично ја отвори сезоната со убедлив триумф над Вардар Неготино и тоа е рецептот што мораме да го повториме и денеска - да бидеме фокусирани и максимално ангажирани од првата до последната минута. Верувам дека квалитетот е на наша страна, доволно сме искусни за да го одбраниме домашниот терен, но тоа можеме да го сториме само со максимална посветеност во текот на сите 60 минути“, изјави Андоновски.