Убедлив пораз од Еурофарм Пелистер (17-30)

Тинекс Пролет не успеа посериозно да му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во меч во кој гостите од Битола беа далеку подобар противник и заслужено победија со убедливи 17-30. Енергетската истрошеност по напорниот дуел со Алкалоид од пред неколку дена остави трага врз настапот на Тинекс Пролет, нашите ракометари немаа сили за да го издржат ритамот што го наметнаа гостите, по што убедливиот пораз беше неизбежен.

Капитенот Ласко Андоновски постигна два гола на самиот почеток, по што два погодоци во низа реализираше и искусниот Доне Мајнов. Тинекс Пролет во овој период имаше предност од еден гол што ја одржуваше, но по водството од 4-5 дојде до голем пресврт. При овој резултат избраниците на Лембанов имаа и напад, но не само што не стигнаа до „плус два“, туку во наредните минути влегоа во серија грешки што гостите од Битола безмилосно ги казнуваа. „Постот“ од десет минути беше прекинат преку младиот Тотиќ, кој намали на 6-9, но Пелистер доминираше до крајот на полувремето и на одмор замина со водство од 9-15.

Гостите продолжија со одлична игра и на стартот од вториот дел, набрзина поведувајќи со 10-18, а неколку минути подоцна и до првото двоцифрено водство од 10-20. Цврстата одбрана на Еурофарм им создаваше многу проблеми на домашните ракометари, до 50. минута резултатот гласеше 13-26, за во завршницата Тинекс Пролет да успее да постигне уште четири погодоци, за конечни 17-30.

Димковски и Димов со по три погодоци беа најефикасни кај Тинекс Пролет, додека по два гола постигнаа Андоновски, Мајнов, Василевски, Тотиќ и Фичорски.

 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид4
2Алкалоид4
3Е. Пелистер4
4Прилеп3
5Бутел2
6Вардар2
7Бисинов2
8Пролет1
9Куманово0
10Струга0
11Тиквеш0
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести