Лесна и убедлива победа над Борец во Купот на Македонија (38-19)

Тинекс Пролет без проблеми се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија откако рутински триумфираше на мечот со Борец Велес со убедливи 38-19. Разликата во квалитет беше и повеќе од очигледна, па тренерот Матлиески им даде поголема минутажа на резервните ракометари, кои максимално ја оправдаа неговата доверба и забележаа убедлива победа.

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет му се реваншираше на Тиквеш (32-28)

Тинекс Пролет лесно и убедливо славеше над Тиквеш со резултат 32-28, реванширајќи му се на кавадаречкиот суперлигаш за поразот претрпен во Кавадарци пред неколку дена. За разлика од тој меч, избраниците на Матлиески останаа максимално сконцентрирани до крајот на мечот, не дозволувајќи му на Тиквеш да се врати резултатски во второто полувреме.

Прочитај повеќе

Пораз од Тиквеш по слабото второ полувреме (28-27)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 28-27 на пријателскиот натпревар одигран во Кавадарци против Тиквеш, плаќајќи за слабата реализација во самата завршница од мечот.

Прочитај повеќе

Борец Велес е прв ривал на Тинекс Пролет во Купот на Македонија

Тинекс Пролет го дозна противникот во првата рунда од Купот на Македонија, при извлекувањето што беше извршено во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Прочитај повеќе

Убедлив триумф над Радовиш (35-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет на третиот подготвителен меч ја забележаа и втората победа (едно реми) откако вечерва триумфираа над Радовиш со 35-28. Тренерот Матлиески како и на претходните средби повторно им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети, а тие максимално ја оправдаа неговата доверба стигнувајќи до рутинска победа.

Прочитај повеќе

Реми на контролата со Голден Арт КЛ7 (33-33)

Ракометарите на Тинекс Пролет ремизираа 33-33 на вечерашниот контролен натпревар против екипата на Голден Арт КЛ7. Тоа беше натпревар на кој двајцата тренери имаа можност да испробаат најразлични тактички варијанти, Тинекс Пролет во голем дел од мечот имаше водство, но Голден Арт КЛ7 со подобра игра во завршницата успеа да се врати и да стигне до р

Прочитај повеќе