Радовиш е ривал што треба да „падне“ во „Македонско Сонце“

Шансите за влез во плејофот и дефинитивно исчезнаа, но ракометарите на Тинекс Пролет се решени да ја довршат оваа сезона на високо ниво, почнувајќи од денешниот натпревар што нашиот клуб ќе го игра на домашен терен против екипата на Радовиш (18 часот, сала „Македонско Сонце“).

Противникот е последен на суперлигашката табела, но радовишани се засилија со неколку квалитетни засилувања, донесоа и нов тренер и сигурно ќе сторат се за да приредат изненадување на денешниот меч. Токму затоа, тренерот Матлиески и неговите избраници се свесни дека ќе мора да се остане максимално фокусиран и противникот во ниту еден момент не смее да биде потценет.

„Местото на Тинекс Пролет не е во плејаутот, за жал оваа сезона не се пласиравме во плејофот, но сакаме да играме до крај најдобро што знаеме, да покажеме дека сме поквалитетни од голем дел од екипите во Супер-лигата. Радовиш е тим што го респектираме без оглед на моментниот изглед на табелата, знаеме дека добија на квалитет во последните месеци и нема да ни биде воопшто лесно ако не влеземе стопроцентно во натпреварот. Целта е јасна - со цврста и дисциплинирана одбрана да стигнеме до што повеќе лесни голови на спротивната страна, ако го оствариме тоа ќе се радуваме на крајот“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот натпревар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести