Кадетите на Тинекс Пролет со моќна победа над Охрид, посветена на Александар Јовиќ

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет продолжува со квалитетните изданија во својата возрасна категорија откако викендов лесно и убедливо триумфираше над Охрид со 35-26. Нашите млади ракометари се покажаа во беспрекорно издание, доминираа на двете страни на теренот и заслужено стигнаа до триумф над овој квалитетен ривал, зацврстувајќи се на третото место на табелата.

Натпреварот беше израмнет дваесетина минути се до 8-7 за Тинекс Пролет, по што нашите ракометари додадоа гас, заиграа уште подобро и набрзина се одлепија на 13-9. До крајот на полувремето се играше израмнето и на одмор се замина со 16-11, а домашниот состав продолжи да доминира и во продолжението, набрзина поведувајќи со 22-14. Триумфот воопшто не беше доведен во прашање, Тинекс Пролет на моменти имаше и двоцифрена предност, за на крајот да слави со убедливи „плус девет“.

Симовски и Дамчевски блескаа во нападот на Тинекс Пролет со по осум гола, а одличен беше и Лука Јовиќ со шест постигнати погодоци.

Нашите млади ракометари се истакнаа со голем гест по мечот, посветувајќи му ја победата на Александар Јовиќ, тренерот под чие водство играа од стартот на сезонава се до неговата трагична смрт.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести