Цврстата одбрана донесе победа над Радовиш (23-19)

Тинекс Пролет прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако вечерва успеа да триумфира на натпреварот против Радовиш со 23-19. Цврстата одбрана беше наш заштитен знак на овој натпревар, максимално ги лимитиравме опциите на гостинот во нападот, што го трасираше патот до оваа заслужена победа.

По десет минути игра резултатот гласеше 4-2, а благодарение на расположениот Василевски пет минути подоцна позитивата беше качена на „плус четири“ (7-3). Истиот ракометар нешто подоцна реализираше за 9-5, но Радовиш успеа да се врати до крајот на полувремето и во 28. минута од пенал да израмни на 10-10. Палевски ја прекина серијата на гостите, но на одмор се замина со израмнети 11-11, по погодокот што го постигнаа радовишани на една минута до крајот.

Тинекс Пролет беше подобар ривал и на стартот од второто полувреме, одбраната беше на највисоко ниво, гостите постигнаа само два гола во првите 13 минути и избраниците на Матлиески поведоа со 16-13. И повторно по тајмаутот на тренерот Котевски гостинскиот состав ја консолидираше играта, дојде на само еден гол негатива, по што Матлиески реши да побара тајмаут при 18-17 на нешто повеќе од седум минути до крајот. 

Шилегов постигна важен гол, а од тој момент, па се до крајот, Тинекс Пролет повторно доминираше на теренот, одбраната функционираше беспрекорно, а во нападот неколку гола во серија постигна Атанасовски, ставајќи печат на победата на крајот изразена со конечните 23-19.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести