Пораз од Охрид на турнирот „Крсто Андоновски - Усташ“

Тинекс Пролет го освои четвртото место на турнирот „Крсто Андоновски - Усташ“ откако во денешното мало финале загуби од Охрид со резултат 23-27. По вчерашниот несреќен пораз од Партизан во полуфиналето, нашите ракометари немаа сили на денешниот дуел, паднаа на физички план во последните дваесетина минути и претрпеа нов пораз во салата „Билјанини извори“.

Дуелот почна одлично за Тинекс Пролет, откако во раната фаза се стигна до водство од 5-2. Одбраната функционираше беспрекорно, па кога позитивата стигна до четири гола (7-3), противничкиот тренер беше принуден да побара тајмаут. Охрид експресно се врати и се приближи на 7-6, по што Лембанов сега мораше да побара минута одмор за да ги консолидира редовите на скопскиот суперлигаш. До крајот на полувремето се играше израмнето, за момент блесна нашиот голман Михаљевиќ, кој покрај неколку одлични одбрани успеа и самиот да постигне и еден гол, па на одмор се замина со водство на Тинекс Пролет од 14-13.

Израмнетата игра продолжи и на почетокот од вториот дел, кога Јагуриновски погоди за водство од 18-16. Потоа почна кризата во играта во напад, што Охрид го искористи за пресврт и водство од 22-20. Во последните дваесетина минути беа промашени неколку зицери, како и два пенали, а Охрид знаеше како да го искористи тоа за да поведе со 26-22. При овој резултат не беше реализиран и седмерец во ситуација кога противникот имаше двајца ракометари помалку на теренот, по што Охрид рутински го приведе мечот до крај.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести