Василевски се врати назад во Тинекс Пролет

Тинекс Пролет дополнително го засили играчкиот кадар потпишувајќи договор со Александар Василевски, искусниот лев бек, кој по една година пауза се враќа назад во нашиот клуб.

Василевски претходно неколку сезони со успех настапуваше за Пролет, минатото лето се пресели во новиот суперлигаш Скопје, за сега да се врати назад во Тинекс Пролет. Со ангажманот на Василевски скопскиот тим дополнително ја засилува бековската линија, а во блиска иднина се очекува да биде решено и голманското прашање во екипата.

Пролет претходно го доведе и македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, а потпиша и нови договори со дел од клучните ракометари од последните неколку сезони.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести