Тинекс Пролет ги дозна ривалите за Супер-лигата во сезоната 2022/23

Тинекс Пролет ќе биде дел од групата Б во суперлигашката сезона 2022/23, беше одлучено со денешната ждрепка што беше извршена во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Нашиот тим согласно пласманот во ланската сезона ждрепката ја дочека од четвртиот шешир, а за ривали во првиот дел од новата сезона ги доби битолските клубови Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, потоа Тиквеш од Кавадарци, Радовиш како и скопските суперлигаши Голден Арт, Јуниор Кисела Вода и Скопје.

Согласно пропозициите, најдобрите четири екипи од секоја група ќе се пласираат во плејоф натпреварувањето, додека тимовите од петтото до осмото место ќе разигруваат за опстанок во плејаутот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести