Тинекс Пролет е „седум од седум“: Рутинска победа над Прилеп (27-24)

Тинекс Пролет ја продолжи доминацијата во плејаут натпреварувањето, откако во седмиот меч стигна и до седмата победа, овојпат на домашен терен над Прилеп со 27-24. Гостите успеаја да парираат во првото полувреме, но избраниците на Лембанов во вторите 30 минути успеаја резултатски да се одлепат и да стигнат до посакуваните бодови. 

Почетокот неочекувано мина во знакот на гостинските ракометари, кои набрзина поведоа со три гола предност (2-5). Прилепчани имаа водство се до 5-8, кога Тинекс Пролет конечно влезе во својот препознатлив ритам, па со серија од четири гола го сврте резултатот во своја полза. На крајот на одмор се замина со израмнети 11-11, за домашните ракометари конечно да почнат да доминираат од самиот старт на второто полувреме.

Џонов ја предводеше серијата од три гола со која Тинекс Пролет го отвори вториот дел, период во кој гостите се мачеа да го најдат патот до противничката мрежа, но и да го запрат налетот на домашните ракометари. Одличната серија на Тинекс Пролет продолжи, па нашиот тим набрзина стигна и до предност од седум гола (21-14). Удобното водство придонесе да дојде и до опуштање во финишот од мечот, што Прилеп го искористи за да го ублажи поразот до конечните 27-24.

Иван Џонов беше најдобар поединец на овој натпревар со девет погодоци, пет постигна Аларов, а четири Жарко Пејовиќ.

Тинекс Пролет е убедливо прв во плејаутот со седум победи од седум натпревари. Во следното коло нашиот тим е слободен, а во последната рунда ќе го пречека составот на Скопје.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести