Штета: Пенал-рулетот му го сврте грбот на Тинекс Пролет на кадетскиот фајналфор

Тинекс Пролет го освои четвртото место на завршниот турнир од кадетскиот шампионат на Македонија што денеска се одржа во Охрид. Нашите млади ракометари со прикажаната игра заслужија многу повеќе, прикажаа извонреден атрактивен ракомет, но среќата им го сврте грбот кога беше најважно, па двата меча, и полуфиналето со Алкалоид и дуелот за третото место против Охрид, ги загубија по изведување на пенали.

Полуфиналето против Алкалоид мина во долго водство на Тинекс Пролет, избраниците на Лембанов имаа контрола над резултатот се до самиот финиш, за противникот во својот последен напад да погоди за израмнување од 31-31. Тинекс Пролет доби пенал на четири секунди до крајот, но нашите ракометари не успеаја да го претворат во победнички погодок. Во пенал-рулетот два седмерци на Тинекс Пролет завршија во гредата од голот, па Алкалоид се пласираше во големото финале.

Супер-интересно беше и на дуелот за третото место, во кој Пролет долго време водеше, охриѓани на крајот се вратија, па по израмнетите 40-40 ворегуларните 60 минути игра, во пенал-рулетот славеше Охрид со конечни 46-45.

Нов кадетски шампион на Македонија е тимот на Бутел, кој во големото финале го совлада Алкалоид со 22-20.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар16
2Алкалоид14
3Е. Пелистер13
4Бутел11
5Охрид11
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш4
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести