Андоновски: Поквалитетни сме од Прилеп, но пристапот мора да биде максимален

Тинекс Пролет продолжува со настапите во домашниот шампионат, во кој избраниците на Лембанов се наоѓаат на првото место на плејаут-табелата. Следен во серијата настапи е гостувањето во Прилеп (18 часот), на теренот на кој Тинекс Пролет претрпе неочекуван пораз во првиот дел од сезоната (27-24).

Токму овој меч ќе биде мотив плус за ракометарите на Пролет со максимално ангажирана игра да се стигне до нови бодови со кои ќе се заврсти на првото место на табелата.

„Пред нас е меч со ривал што добро го познаваме. Верувам дека квалитетот е на наша страна, но клучно ќе биде да одиграме на висина на нашите можности и во ниту еден момент да не го потцениме противникот. Тоа беше проблем при последниот меч на кој претрпевме пораз во Прилеп и мораме да сме свесни дека ако ни се повтори лош пристап, можеме повторно да загубиме на ова гостување. Иако настапуваме во плејаут-лигата, обврска ни е да одиграме максимално од првата до последната минута. Ако го сториме тоа, убеден сум дека ќе се радуваме на крајот“, истакна капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести