Голем успех: Тинекс Пролет на фајналфор во кадетскиот шампионат на Македонија

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет оствари одличен успех обезбедувајќи пласман на фајналфор турнирот од шампионатот на Македонија во оваа возрасна генерација, откако избраницита на тренерот Лембанов го добија денешното четвртфинале, на гостински терен против Младост Богданци со 27-30.

Тинекс Пролет беше подобар ривал во големи периоди од мечот и на крајот заслужено стигна до победата, обезбедувајќи си место меѓу четирите најдобри екипи во кадетскиот шампионат. Мечот почна со фуриозна игра на нашиот состав, кој експресно поведе со 0-5. Домашните ракометари успеаја да се вратат, за момент стигнаа до еден гол предност, за на одмор да се замине со израмнети 12-12.

Беспрекорниот напад во второто полувреме беше клучен фактор, откако Тинекс Пролет повторно успеа да се одлепи и да стигне до „плус пет“. За разлика од првиот дел, овојпат нашите млади ракометари знаеја како да го одржат водството до самиот крај, триумфирајќи со конечни 27-30.

Покрај Тинекс Пролет, пласман на фајналфор турнирот осигураа и кадетите на Алкалоид и на Бутел, а последниот патник ќе биде познат по одигрувањето на четвртфиналната пресметка меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести