Кадетите на Тинекс Пролет во Богданци ќе бркаат билет за фајналфор

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет оствари одличен резултат со пласманот во Топ 8 екипите во својата конкуренција, откако го освои второто место во силната група зад Алкалоид, а пред Вардар и засилениот состав на Металург РА.

Денеска беа извлечени двојките за четвртфиналните дуели, од кои победниците ќе обезбедат место на фајналфор турнирот од кадетскиот шампионат на Македонија. Тинекс Пролет за противник го доби Младост Богданци, според пропозициите, ќе се игра еден натпревар, а ждрепката одлучи избраниците на тренерот Лембанов да гостуваат на овој четвртфинален дуел, што ќе се игра претстојниот викенд.

Во останатите четвртфинални средби ќе се сретнат Алкалоид - ГА, Бутел - Тиквеш и Охрид - Еурофарм Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести