Кадетите на Тинекс Пролет го совладаа засилениот Металург РА

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет славеше со 33-35 на гостувањето против Металург РА, резултат со кој нашата млада екипа уште повеќе си ги зголеми шансите за пласман во наредната фаза од кадетскиот шампионат на Македонија. 

Металург РА беше сериозно засилен со Петковски, кој во првиот дел од сезоната настапуваше за првиот тим на Металург во Супер-лигата. „Металурзите“ со ваков состав во минатото коло ремизираа со лидерот Алкалоид, но вечерва беа надиграни од избраниците  на тренерот Лембанов, кои на крајот заслужено се радуваа на победата.

Ефикасниот напад беше најзаслужен за оваа значајна победа, Тинекс Пролет уште во првото полувреме стигна до водство од 17-19, позитива што нашите млади ракометари ја задржаа до самиот крај, претворајќи ја во значајни бодови.

За осигурување на второто место на табелата кое носи и пласман во следната рунда на Тинекс Пролет ќе му биде доволен и минимален тримф на домашен терен над Вардар, тим што на гостински терен кадетите на Пролет сезонава веќе го совладаа со убедливи 29-36.