Информација до јавноста

Ракометниот клуб Тинекс Пролет со големо жалење повторно мора да ги демантира невистините искажани во таканаречениот ракометен портал, искажани во текот на денешниот ден. Иако клубот останува отворен за сите медиуми за добивање на соодветна информација, овој квази-портал продолжува со намерно оцрнување на Тинекс Пролет како ракометен колектив. 

Вистината е едноставна - платите на ракометарите се намалени, но истото беше најавено уште на крајот од 2021 година доколку не се влезе во плејофот, по последното коло во Кавардарци. Играчите добија известување за потегот на управата уште по мечот со Охрид, на петнаесетина дена до истекот до преодниот рок, за доколку сакаат да можат да ги променат клупските бои. Наспроти она што го тврди таканаречениот портал, ракометарите не беа оставени на цедило со одлука што им била соопштена по истекот на преодниот рок. Наспроти изнесените лаги, во екипата не владее незадоволство и атмосферата останува на највисоок ниво, без оглед на фактот што резултатите не се на нивото од претходните години.

Треба да се потенцира - двајца наши ракометари во текот на преодниот рок добија понуди од екипи од плејофот, ние како клуб и на двајцата им дадовме зелено светло за заминување, но на крајот решија да останат бидејќи понудените пари од клубовите сепак беа пониски од она што го добиваат во Тинекс Пролет, па решија да останат во клубот каде се чувствуваат ценети. Доказ за нашата сериозност е фактот што го задржвме буквално целиот ростер, а и самите играчи изразија желба да останат.

Фактите се тие и едноставно можат да се проверат, наместо да се шират лаги и невистини поврзани со Тинекс Пролет.