Реми со Бутел: Пропуштена шанса за триумф над градскиот ривал (25-25)

Тинекс Пролет ремизираше 25-25 на гостувањето во Бутел, во последното суперлигашко коло за нашата екипа оваа сезона. Избраниците на Лембанов заслужија и повеќе од еден бод со оглед на фактот дека беа подобар противник во голем дел од мечот, а во самата завршница не беше искористена предноста од два гола за да се стигне до конечен триумф.

Почетокот на натпреварот донесе проблеми во нападот, па првиот гол го постигна Додевски по пет минути игра.По стартното водство на Бутел, тимот на Тинекс Пролет ја консолидираше играта, па потоа благодарение на цврстата одбрана направи и резултатски пресврт. Ве периодот од 18. до 26. минута тимот на Бутел не постигна ниту еден погодок, а Тинекс Пролет негативата од 7-6 ја претвори во предност од 7-9. До крајот на полувремето можеше да се проследи израмнета игра, a на одмор се замина со водство на Тинекс Пролет од 11-12, со голот што пред крајот на полувремето го реализираше левото крило Палевски.

Второто полувреме мина во тактичко надмудрување во кое резултатската предност изнесуваше еден гол, за едниот и за другиот тим. Пролет конечно се одлепи пред самата завршница, преку искусните Пецаковски и Пејовиќ стигна до 23-25, но и тоа беше недоволно за триумф на избраниците на Лембанов. При водство од 24-25 Тинекс Пролет имаше две шанси да стави печат на триумфот, по првата следеше промашен шут од својата половина на голманот, за буквално во последните секунди Мојсоски од пенал да спаси бод за Бутел.

Иван Џонов со шест гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет, четири погодоци постигна Додевски, а по трипати прецизни беа Пецаковски и Голубовиќ.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести