Едно добро полувреме, премалку за избегнување на пораз од фаворитот Еурофарм Пелистер

Тинекс Пролет не успеа да приреди изненадување на денешниот дуел со Еурофарм Пелистер, губејќи на домашен терен со резултат 23-28, во меч во кој во првото полувреме избраниците на Лембанов му парираа на фаворитот од Битола. Ова беше претпоследен натпревар во рамките од Супер-лигата, пораз со кој Тинекс Пролет и дефинитивно ги загуби шансите за пласман во плејофот.

Натпреварот почна со убедлива игра на гостинскиот состав и рано водство од 0-4. Погодокот на Голубовиќ за 1-4 значеше и почеток на серијата на Тинекс Пролет, во ритам влезе и голманот Јане Цветковски, па набрзина домашниот состав израмни на 4-4. До крајот на полувремето се играше израмнето, двата тима влегуваа во мини-серии, за на одмор да се замине со водство на Еурофарм Пелистер од 12-13, по голот на Џонов со звукот на сирената.

Второто полувреме почна со подобра игра на гостинските ракометари, кои набрзина стигнаа до пет гола предност благодарение на одбраните на голманот Секељи, кој застана на голот на стартот од вториот дел. Лембанов зеде тајмаут, Пролет ја консолидираше играта, но „пелистерци“ не дозволија изненадување, контролирајќи го резултатот до конечните 23-28.

Пецаковски, кој беше задолжен за изведување на седмерците, беше најефикасен со осум гола, пет постигна Аларов, четири Голубовиќ, а трипати прецизен беше Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести