Нов тежок испит: Во „Македонско Сонце“ доаѓа Еурофарм Пелистер

Пеколниот распоред на натпревари во Супер-лигата продолжува за тимот на Тинекс Пролет, со денешниот дуел на домашен терен против екипата на Еурофарм Пелистер (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“. Актуелниот вицепрвак пристигна во Скопје веднаш по гостувањето против Ним во Лигата на Европа на ЕХФ, а фактот дека „пелистерци“ досега славеа на сите натпревари во Супер-лигата со исклучок на двомечот со Вардар (едно реми и еден пораз) доволно говори за квалитетот на тимот на тренерот Жељко Бабиќ.

Во таборот на Тинекс Пролет владее разочарување што добрата партија на гостувањето против Охрид не беше крунисана и со триумф над големиот ривал, но пресметката со актуелниот вицешампион е доволен мотив за да се покаже добра игра.

„Јасно е дека фаворитската улога е на страната на противникот, но ние немаме намера да се предадеме без борба. Одигравме квалитетен меч против Охрид, на повисоко ниво од претходните дуели, но за жал тоа не беше доволно за да се стигне до посакуваниот триумф. Без оглед на се, решени сме да ја доиграме Супер-лигата на највисоко ниво, а мечот со Еурофарм Пелистер е одлична можност за покажување на карактерот на нашиот тим“, истакнуваат од таборот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести