Кадетите на Тинекс Пролет го преслушаа Вардар

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет одигра одличен меч на гостувањето против Вардар, славејќи над „црвено-црните“ со убедливи 29-36 во рамките од групата В од кадетската лига на Македонија.

Целиот меч мина во доминација на избраниците на тренерот Лембанов, кои прашањето на победникот го решија со беспрекорна игра во нападот во првото полувреме, поведувајќи со 13-19.  Сите обиди на „вардарци“ за камбек во натпреварот беа безуспешни, откако Тинекс Пролет рутински ја задржа предноста, на крајот триумфирајќи со убедливи седум гола предност.

Овој резултат значи и огромно зголемување на шансите за пласман во следната рунда во Кадетската лига, каде ќе се пласираат двете најдобри екипи од групата во која покрај Тинекс Пролет и Вардар се наоѓаат уште и Алкалоид, Куманово, Металург РА и Македонија Ѓорче Петров.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести