Клучна мисија: Тинекс Пролет знае како да се освои Охрид

Ракометарите на Тинекс Пролет се максимално подготвени за денешното гостување против Охрид (18 часот), клучен дуел и за двата тима во трката за шестото место на табелата кое носи пласман во плејофот.

Напредокот во играта во однос на последните средби од 2021 година е очигледен, но јасно е дека против Охрид сите ќе мора да бидат на висина на задачата од почеток до крај ако сакаат на крајот да се радуваат на бодовите. Токму затоа, тренерот Лембанов од своите избраници бара максимална фокусираност во текот на сите 60 минути и запирање на главното оружје на охриѓани.

Пред нас е најважниот натпревар сезонава, бодовите се исклучително важни и за нас и за Охрид, па нема сомнеж дека претстои жестока битка за победа. Очекувам беспоштедна борба на сите делови од теренот, не се сомневам дека ќе дадеме се од себе за стигнеме до посакуваниот резултат. Решавачки ќе биде која од двете екипи ќе биде поприсебна, пофокусирана во клучните моменти. Грешките мора да се сведат на минимум, еден од главните квалитети на Охрид е одличната транзиција од одбрана во напад, тие постигнуваат многу голови од вакви ситуации, ќе мораме да бидеме дисциплинирани во нападот и да се враќаме брзо по секој напад“, истакнува тренерот на Пролет, Алексо Лембанов.